Немања Босанчиќ уште на своето деби покажа дека ќе биде големо, огромно засилување во редовите на Вардар. Со неговиот фантастичен гол од слободен уар во 85.минута му донесе бод на својот нов тим. Мечот Гостивар – Вардар заврши со резултат 1:1. Српскиот интернационалец за клупските социјални мрежи изјави:
“Првото полувреме треба веднаш да го заборавиме, како да имавме преголем респект кон Гостивар. Сепак играта во второто полувреме треба да ни биде рецепт за следните мечеви. Задоволни сме од бодот, иако пред почетокот на овој натпревар ги посакувавме сите три, сепак овие 1:1 се реален исход“ потенцираше Босанчиќ.