Не е шега, Марсијал ќе игра во Грција

134

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал најде тим. Тој постигна вербален договор со АЕК, објави новинарот Матео Морето.

Доколку договорот стане реалност, Марсијал ќе стане најплатениот фудбалер во историјата на грчкиот клуб. АЕК првично беше насочен кон Фофана од Челзи, но тој замина на позајмица во Гезтепе.

28-годишниот Марсијал беше слободен играч откако летото му истече договорот со Манчестер Јунајтед. За него се интересираа и Фламенго и Лил.

ПретходноНемања Босанчиќ: Играта во второто полувреме треба да ни биде рецепт за следните мечеви!
СледноБаерн го претстави својот дрес инспириран од Октоберфест (ФОТО)