Листа на стрелци: Сега Марко Ѓорѓиевски е прв “бомбардер“ во ПМФЛ!

527

Марко Ѓорѓиевски блеска во дресот на Силекс. Завчера и во Охрид, на гостувањето кај Воска робусниот напаѓач постигна убав гол, првиот за својот тим со што ја “отвори“ Воска, потоа беше се полесно за кратовци.

Ова за Марко беше петтиот гол сезонава во изминатите пет кола, значи супер просек, по еден на секој меч што секако дека е сон на секој вистински голгетер.

Па така сега Марко изби сам на чело на листата на стрелците во ПМФЛ, има еден гол повеќе од Фитон Адеми (Шкендија) и Ѓорѓе Ивковиќ (Брера), додека по трипати досега во листата на стрелците се запишале Абдулхади Јајха (Воска) и Алпер Потук (Гостивар).

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

5 – М. Ѓорѓиевски (Силекс)

4 – Ф. Адеми (Шкендија)

4 – Ѓ. Ивковиќ (Брера)

3 – Абдулхади Јахја (Воска)

3 – Алпер Потук (Госивар)

2 – Ел Хаџи Гуеје (Шкупи)

2 – Џемал Ибиши (Шкупи)

2 – Донарт Ибраими (Воска)

2 – Ланре Кехинде (Струга ТЛ)

2 – Едиз Спахиу (Тиквеш)

2 – Клисман Цаке (Шкендија)

ПретходноОфицијално: Луис Кастро доби отказ, Роналдо ќе има нов тренер!
СледноРодителите на Ендрик во шок откако дознале каков договор нивниот син потпишал со бразилската манекенка!