Родри најави штрајк: Ова е премногу, не е се во парите

5449

Тргна новоформираната Лига на шампиони, а со тоа и повеќе натпревари во сезоната, а по завршување на сезоната следува и новото Светско клупско првенство исто така со повеќе натпревари. Повеќе пари за клубовите, но повеќе напор за фудбалерите.
Родри, играчот на Манчестер Сити изјави дека му смета што календарот само се трупа со натпревари, а никој ништо не ги прашува фудбалерите. Штрајк на фудбалерите станува реална опција.

Мислам дека сме блиску до тоа. И јасно е зошто. Прашајте го било кој играч ќе ви го каже истото. Ако ова продолжи ќе дојдеме до моментот во кој нема да имаме избор. Тоа е нешто што не загрижува. Ова е премногу. Некој мора да се погрижи и за нас, сепак, ние сме главните ликови во овој спорт, бизнис, наречете го како сакате. Не е се во парите или маркетингот, има нешто и до квалитетот на претставата“, изјави Родри.
Истото претходно го кажа и голманот на Ливерпул, Алисон но и други фудбалери. Светскиот синдикат на фудбалери размислува и за тужба против ФИФА.

ПретходноСлавниот Капело им кажа на “кралевите“: „Самите треба да си признаете“!
СледноДејви Класен трет пат во Ајакс