Куп на Македонија – 1/16 финале: Вардар на гости во Новаци, Струга ТЛ против Слога во Виница!

359

Денеска од 15 часот, со 12 натпревари од 1/16 финалето, стартува новата сезона и во Купот на Македонија. Останатите три се играат на 2 октомври, а Тиквеш како актуелен освојувач на Купот директно се пласира во 1/8 финалето.

Се чини дека најинтересно ќе биде во Новаци каде нашиот најтрофеен клуб му гостува на второлигашот Новаци. Се знае кој е фаворит, но нема да биде лесно за четата на стратегот Срѓан Захариевски. Струга ТЛ ќе гостува во Виница каде се среќава со Слога. Исто како и стружани, и екипите на Работнички со Шкендија (А), Шкендија со Јени Маале и Шкупи против Џепчиште не би требало да имаат проблеми ако се знае дека играат против нисколигаши.

Силекс исто така против Карбинци би требало да ја мине оваа пречка без никаков проблем.

Интересно, Брера на својот комплекс во Струмица ќе му гостува на Вардар (Н), додека Брегалница ќе игра во Лисиче против тимот на Слободен. Неизвесно се очекува да биде на средбите Кожув – Аресими, Охрид – Беса, Борец – Детонит и Скопје – Пелистер.

Се игра по еден меч во оваа фаза во Купот, победниците одат натаму. Во случај на нерешен резултат нема да има продолженија, директно се изведуваат пенали.

ДВОЈКИ ЗА 1/16 ФИНАЛЕ – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Тетово: Џепчиште – Шкупи

Гевгелија: Кожув – Аресими

Струмица: Вардар (Н) – Брера

Битола: Јени Маале – Шкендија

Г. Лисиче: Слободен – Брегалница

Охрид: Охрид – Беса

Скопје: Шкендија (А) – Работнички

Карбинци: Карбинци – Силекс

Велес: Борец – Детонит Плачковица

Виница: Слога (В) – Струга ТЛ

Скопје: Скопје – Пелистер

Новаци: Новаци – Вардар

02.10.2024 – 14 Ч

Прилеп: Победа – Гостивар

Струмица: Беласица – Македонија ЃП

Куманово: Башкими – Воска

ПретходноИбрахимовиќ му одговори на Бобан: Кога мачката ја нема, глувците трчаат наоколу
СледноРома му врачи отказ на Де Роси