Даниеле де Роси повеќе не е тренер на Рома, потврди римскиот клуб преку соопштение преку официјални канали. Тој ја отпушти својата играчка легенда од тренерските должности откако Рома остана без победа во првите четири натпревари на почетокот на сезоната.
По 360 лигашки минути Рома има биланс од три нерешени и еден пораз, со гол разлика 2:3. Де Роси, кој одигра 616 натпревари за Рома од 2001 до 2019 година, беше отпуштен поради лошите резултати.
„Рома соопштува дека го разреши Даниеле Де Роси од функцијата главен тренер на првиот тим. Одлуката на клубот е донесена во интерес на тимот, со цел што поскоро да излезе на посакуваниот пат, во моментите кога сезоната допрва започнува. На Даниеле, кој секогаш ќе биде како дома во овој клуб, од се срце му благодариме за работата која ја вршеше во последните месеци со страст и посветеност“, се вели во соопштението.
Тој беше тренер на Рома 30 натпревари. Забележа 14 победи, девет нерешени и седум порази.