Драма без победник на дуелот меѓу Пролет и Тиквеш

63

Пролет и Тиквеш го комплетираа второто коло во Супер-лигата. Видовме интересна битка која на крајот заврши без победник 23-23. Двата тима имаа шанса да дојдат до целиот плен, но не ја искористија. За Пролет ова е второ реми, за кавдарчани прв бод сезонава.

Таоуфик Бакар имаше седум гола кај домаќинот, на другата страна Ани Обина запиша шест погодоци.

Кавадарлани во првото полувреме водеа со 8-11, но жилавиот домаќин не им дозволи лесно да ја превземат контролата, со пет гола во низа поведоа со 13-11, н одморот резултатот беше 15-12.

Тука не застана Пролет, имаше и позитива од пет гола на стартот на второто полувреме (18-13). На другата страна избраниците на Кристијан Грчевски вратија со четири гола, дојдоа на минус еден 18-17, а потоа и конечно успеаја да израмнат на 21-21 на шест минути до крајот за вистинска драма.

Бакар реализираше од седум метри за 23-22, Тиквеш не искористи напад. Пролет не успеа да ја зголеми предноста, Манасков израмни на 23-23. Василевски направи престап, а Грчевски повика тајм-аут, неговиот тим напаѓаше за победа. Истиот не вроди плод, неговите момци не се снајдоа, па дуелот заврши без победник.

ПретходноЛШ: Загреб го шокираше Алборг, Динамо (Б) ги освои бодовите во Плоцк
СледноЛШ: Спарта го „демолираше“ Салцбург, Болоња се врати во елитата со реми (ВИДЕО)