Енди Керол е нов играч на паднатиот француски џин Бордо!

217

Поранешниот англиски репрезентативец Енди Керол не размислува за пензија. Иако има 35 години продолжува со фудбалот, а откако минатата сезона ја помина во Амиен, оваа сезона ќе игра во паднатиот џин Бордо.
Бордо поради финансиски проблеми беше исфрлен во четвртата лига, па од таму ќе го поплочува патот кон враќање во најсилната француска лига.
Енди Керол, кој во минатото играше за Њукасл, Ливерпул, Вест Хем, ВБА, Рединг ќе игра во нападот на шесткратниот француски шампион.

Претходно„Знам што да очекувам од Халанд, но Сити е многу повеќе од него“
СледноПСВ го претстави Перишиќ: „Играч за големи натпревари!“