Куп на Македонија 1/16 финале: Омерагиќ и Донгмо за триумф на Вардар, убедливи Струга ТЛ, Силекс, Шкупи, Шкендија, Брегалница…

882

Попладнево се одиграа 12 средби од 1/16 финалето на Купот на Македонија. Сензација на денот секако дека е победата на Шкендија Арачиново против Работнички од 2:0, и елиминицијата на клубот од Дебар Маало.

Такви проблеми немаа останатите фаворити. Вардар во Новаци со рутински 2:0 славеше против истоимениот тим и се пласира во 1/8 финалето. Омерагиќ во 39.минута со убав шут со глава му донесе водство на својот тим по асистенцијата на Босанчиќ. Во 63.минута Закариќ со шут од 25 метри ја погоди стативата на Новаци а во 81.минута мајсторија на Донгмо, кој сам истрча една контра и го лобуваше домашниот голман од 20 метри за конечни 2:0 за Вардар.

Струга ТЛ во Виница немаше никакви проблеми, победи со 1:6 кај домашната Слога и тоа со головите на Компаоре, Такахара два, Таири, Камбери и Радески.

Силекс славеше со 1:4 во Карбинци и тоа со головите на Јашароски, Рајков, Додев и Донов.

Шкендија во Битола кај Јени Маале броеше до пет, а Шкупи во Тетово кај Џепчиште до осум. Едмундсон постигна хет – трик.

Во продолжение можете да ги видите сите резултати од денешните мечеви, победниците одат во 1/8 финалето. Таму е Тиквеш како актуелен бранител на трофејот.

На 2 октомври се играат уште три меча.

Куп на Македонија – 1/16 финале:

РЕЗУЛТАТИ ОД 1/16 ФИНАЛЕТО ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Тетово: Џепчиште – Шкупи 0:8

Гевгелија: Кожув – Аресими 1:2

Струмица: Вардар (Н) – Брера 0:4

Битола: Јени Маале – Шкендија 0:5

Г. Лисиче: Слободен – Брегалница 0:6

Охрид: Охрид – Беса 1:5

Скопје: Шкендија (А) – Работнички 2:0

Карбинци: Карбинци – Силекс 1:4

Велес: Борец – Детонит Плачковица 0:1

Виница: Слога (В) – Струга ТЛ 1:6

Скопје: Скопје – Пелистер 0:1

Новаци: Новаци – Вардар 0:2

02.10.2024 – 14 Ч

Прилеп: Победа – Гостивар

Струмица: Беласица – Македонија ЃП

Куманово: Башкими – Воска

ПретходноПрестон и Фулам го одиграа најдолгиот пенал рулет во Англија (видео)
СледноНорвешка станува првата држава која ќе го деинсталира ВАР системот!?