ЛШ: Загреб го шокираше Алборг, Динамо (Б) ги освои бодовите во Плоцк

90

Ракометарите на Загреб направија вистинска сензација совладувајќи го данскиот состав Алборг со високи 31:23 во рамките на второто коло од новата сезона на Лигата на шампионите. Загрепчани одиграа брилијантна партија и не му дозволија на противникот да помисли на успех во хрватската престолнина. Загреп на полувре водеше со 13:9, а во вториот дел, место Алборг да се обиде да се врати во мечот, домаќините само го засилија темпото и на крајот славеа преубедливо.

Кларица со 6 и Главаш со 5 гола беа најефикасни во составот на Загреб.

Во групата А, во која се наоѓа и Пелистер, Динамо Букурешт ги однесе бодовите од гостувањето во Полскиа против Висла, победувајќи со 26:28.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Иван Јуриќ е новиот тренер на Рома
СледноДрама без победник на дуелот меѓу Пролет и Тиквеш