Актуелниот македонски првак, Пелистер денеска продолжува со мечевите од Лигата на шампиони. По тесниот пораз од ПСЖ во Париз, битолчани ги чека нов голем предизвик во името на Фуксе Берлин, тим кој исто така не стартуваше победнички.
Бундес-лигашот е фаворит на оваа средба, но Пелистер на своја страна ги има верните фанови, со голема поддршка од трибините, сите веруваат дека можат да стават на долгата серија од 15 порази во низа во ЛШ.
Тренерот Бранислав Ангеловски испрати апел до фановите да дојдат во што поголем број, а за победа потенцира дека ќе бидат потребни шеснаесет „војници“.
„Би сакал веднаш да испратам повик до нашите верни навивачи. Наша желба е натпреварот во Париз да биде само една најава за она што следува в среда. Трибините да бидат полни и сигурен сум дека со нашиот осми, деветти играч можеме да повториме уште еден добар натпревар како тој во Париз и да се надеваме на поволен резултат, а тоа е победа. Ни требаат шеснаесет „војници“ за противник како Фуксе Берлин. Сигурно дека ќе треба и тактички, и физички и ментално да бидеме подготвени“, изјави Ангелови во пресрет на денешниот дуел.
Мечот меѓу Пелистер и Фуксе Берлин е закажан со почеток во 20:45 часот.