Пелистер со две контроли на Златибор пред стартот на новата сезона

55

Кошаркарите на Пелистер влегоа во последната фаза од подготовките за новата сезона. Тренерот Петровиќ и членовите на стручниот штаб со кошаркарите завршниот дел од подготовките ќе го минат на Златибор, Србија.

Како дел од овој подготвителен период Пелистер ќе одигра и две пријателски средби, на 19 септември со Приморје, а за 21 септември е закажан дуелот со Златибор.

„Пред една година рековме дека правиме сериозен клуб на здрави темели. Лани целта ни беше целосна финансиска стабилизација и максимално успеавме во тоа, сега сакаме да одиме чекор напред од секој аспект, како организациски така и резултатски. Заминување на подготовки надвор од сопствената сала е нешто сосема нормално во модерниот спорт, тренд што за жал во кошарката веќе извесно време е напуштен.  Наша обврска како управа  е Пелистер да функционира на највисоко ниво и кошаркарите и стручниот штаб да ги имаат најдобрите можни услови, овие подготовки се само потврда на нашите заложби“, изјави директорот на КК Пелистер, Филип Ивановски.

Кошаркарите на Пелистер отворањето на новата сезона ќе го имаат на 28 септември, кога во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе се сретнат со МЗТ Скопје во Супер-купот на Македонија.

ПретходноЛШ: Спарта го „демолираше“ Салцбург, Болоња се врати во елитата со реми (ВИДЕО)
СледноПанчев: Новиот формат на ЛШ е доста контроверзен, времето ќе покаже дали е добар или не!