Светската ракометна федерација ги потврди саатниците за натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2025 година што ќе се игра во Хрватска, Норвешка и Данска.
Машката репрезентација на Македонија своите средби против Унгарија, Холандија и Гвинеја ќе ги игра во „Вараждин Арена“ во Хрватска.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра на 15 јануари од 20:30 часот, следува мечот со Холандија на 17 јануари од 18:00 часот. Последниот меч од групата против Гвинеја ќе се одигра на 19 јануари во вечерниот термин од 20:30 часот.
Ако Македонија обезбеди место во главната рунда на СП 2025 и тие натпревари ќе ги игра во Вараждин.