ПСВ го претстави Перишиќ: „Играч за големи натпревари!“

210

Сега и официјално. ПСВ го претстави хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ. Ветеранот на хрватскиот фудбал го напушти Хајдук пред неколку недели, а веднаш најде нов клуб и тоа што игра во Лигата на шампионите. Тој е третиот Хрват кој ќе игра за клубот од Ајндховен.
Иван Перишиќ. Играч за големи натпревари. Освојувач на тројна круна. Добре дојде во фимилијата!“, напиша ПСВ на социјалните мрежи.

Статистиката на Перишиќ е импресивна, вкупно 612 натпревари, 141 гол и 122 асистенции.
Штом имате толку многу натпревари, мора да сте добар играч кој постојано е во форма. Во спротивно нема шанси да стигнете до тие бројки. Повредата на Ирвинг Лозано ни отвори место на крилната позиција, а Перишиќ ќе може да игра таму, но и на различни позиции“, објасни спортскиот директор Ернест Стјуарт.

А Перишиќ за изборот на новиот клуб изјави:
Откако станав слободен играч, чекав ваква шанса. Клуб и средина во која ќе се чувствувам добро и со кој ќе освојувам трофеи. Барав совет од мојот поранешен соиграч Дензел Дамфрис и тоа ме увери дека ПСВ е вистински чекор“.
Инаку ПСВ во вторникот доживеа убедлив пораз од Јувентус со 3:1 во 1 коло од ЛШ.

ПретходноЕнди Керол е нов играч на паднатиот француски џин Бордо!
СледноПотврдени саатниците за СП 2025: Македонија отвора во вечерен термин