Ристески дебитираше со три гола, па порача: Лигата на шампиони е сонот на секој ракометар!

270

Ако се бара светла точка во поразот од Фуксе Берлин во редовите на Пелистер тоа ќе биде Самоил Ристески. Младиот ракометар кој дојде во првиот тим на битолчани вечерва ги одигра првите минути во Лигата на шампиони и максимално ги искористи. Зад 18-годишниот ркометар стојат три гола, најава дека шансата која му беше доверена е оправдана.

После натпреварот тој кратко го коментираше својот настап и поразот.

„Лигата на шампион е сон на секое дете што игра ракомет. Фуксе Берлин беше подобар, собравме некое искуство и се надеваме на подобри игри“.

ПретходноАнгеловски: Загубивме од подобар тим, имаме уште многу за играње!
СледноЛШ: Интер непоразен на „Етихад“, Џирона несреќно загуби во Париз, Миовски остана на клупа (ВИДЕО)