Синоќа на првиот натпревар на македонскиот одбојкарски шампион Струмица во Лигата на шампионите, официјално збогување од одбојката имаше капитенот и едно од легендарните имиња на струмичкиот клуб, Васе Михаилов.
Михаилов и официјално замина во спортска пензија по години посветеност, безброј победи и незаборавни моменти, 9 шампионски и 8 куп титули, учества во Лигата на шампиони, и брони европски дуели.
„Твоето лидерство, страст и труд инспирираа многумина, и влијанието што го остави и на теренот и надвор од него никогаш нема да биде заборавено. Ти благодариме за сè што даде за ОК СТРУМИЦА“, напишаа денеска од нашиот шампион.
Михаилов останува во тимот како тренер на младите категории.