Уапсен Aлександар Усик: Се појави снимка, па следеше објаснување

357

Со брзина на светлината се прошири веста дека е уапсен актуелниот и апсолутен светски шампион во бокс. На социјалната мрежа „Телеграм“ беше објавено видео од самото апсење. Тоа брзо стигна до самиот Усик, кој проговори и објасни за што се работи.

„Почитувани пријатели. Се случи недоразбирање, брзо беше решено. Ви благодариме на сите што беа загрижени. Ви благодариме на украинските дипломати за нивната ефективна поддршка. И почит кон полската полиција за извршување на нивните должности“, рече Александр Усик.

На оваа тема зборуваше и Володимир Зеленски.

„Разговарав на телефон со Александр Усик откако беше приведен. Бев разочаран од ваквиот однос кон нашиот граѓанин и шампион. Им наредив на министерот за надворешни работи на Украина и на министерот за внатрешни работи веднаш да размислат. Нашиот шампион е ослободен и веќе не е во притвор Тој е на фотографијата со нашиот генерален конзул во Краков веднаш по неговото ослободување во објава на социјалните мрежи.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: С.M. освои СУПЕР МИЛИОНЕР вреден 6.172.506 денари
СледноЛШ: Огнено деби на Миовски и Џирона – против ПСЖ на „Паркот на принцовите“