Флорентино Перез има сериозни трансфер планови за следното лето

642
Фото: ФК Реал Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез има сериозни трансфер планови за следното лето. Тој има таргетирано четири премиерлигашки ѕвезди и планира да донесе најмалку три од нив на „Сантијаго Бернабеу“. Станува збор за Родри од Манчестер Сити, Трент Александер Арнолд од Ливерпул, Вилијам Салиба од Арсенал и Кристијан Ромеро од Тотенхем, открива „Индипендент“.

Меѓу најпосакуваните од нив е Трент Александар Арнолд. На Перез многу му се допаѓа дефанзивецот и се надева дека ќе успее да го добие и без пари. Договорот на 25-годишниот фудбалер истекува следното лето и шефот на Реал ќе се обиде да го убеди да потпише директно со клубот и да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч.

Флорентино сака да го ангажира и Родри од Манчестер Сити. Се шпекулира дека 28-годишниот европски шампион со Шпанија ќе биде замената на Тони Крос. Сепак, тој има договор со „граѓаните“ до 2027 година, а Перез ќе мора да одвои прилично сериозна сума за да го убеди Сити да се раздели со него.

Конечно, во Реал сакаат да се засилат со централен дефанзивец. Изборот ќе биде помеѓу Салиба и Ромеро. Ситуацијата со нив е слична на онаа на Родри, со тоа што и двајцата имаат договори, односно со Арсенал и Тотенхем до 2027 година. Многу е веројатно дека изборот ќе падне на оној чија цена е пониска.

ПретходноМакедонија (15): Нова победа на УЕФА развојниот турнир во Молдавија
СледноЗаканите на УЕФА не ги плашат во Англија