Хари Кејн е најефикасниот англиски фудбалер во историјата на ЛШ

147

Баерн Минхен го демолира Динамо Загреб со 9:2, а четири гола постигна Хари Кејн. Со тоа искусниот голгетер стигна до 33 гола (во 45 натпревари) што го прави најефикасниот англиски играч во историјата на Лигата на шампионите. Исто така Кејн е првиот играч во ЛШ кој реализирал три пенали на еден меч.
Тој го помина досегашниот рекордер Вејн Руни кој застана на 30 погодоци (во 85 натпревари). На третото место е Рахим Стерлинг со 27 гола. Во топ 10 има уште еден активен играч и тоа е Фил Фоден од Сити кој е на деветтата позиција со 15 голови.

ПретходноНорвешка станува првата држава која ќе го деинсталира ВАР системот!?
СледноСкандалозно: Нашите млади репрезентативци останаа пред затворен хотел, кој никој не знае како стана база на ФФМ!?