Ангеловски: Загубивме од подобар тим, имаме уште многу за играње!

107

Пелистер вечерва ниту одблиску не беше рамноправен противник на Фуксе Берлин. Актуелниот македонски првак го запиша вториот пораз, вкупно 16-ти по ред во Лигата на шампиони. Бундес-лигашот од Битола си заминува со убедливи 22-30.

„Честитки за победата и одличната игра. Загубивме од подобар противник, кој добро играше во текот на сите 60 минути, го искористи нашиот пад во вториот дел од првото полувреме. Една полуконтра, промашен шут, тука мечот доби друга димензија. Сметам, но убеден сум дека промашените зицери од шест метри дадоа свој тон на оваа победа на Берлин. Имаме уште многу за играње. Радува што добивме уште играч од нашата школа, се надевам на нивни уште подобри игри“, изјави Бранко Ангеловски. 

Пелистер викендов игра со Бисинов во Супер-лигата, додека во третото коло во Лигата на шампиони е гостин на Динамо Букурешт.

ПретходноБарселона отпаѓа, Белград и Абу Даби кандидати за Ф4 на Евролигата
СледноРистески дебитираше со три гола, па порача: Лигата на шампиони е сонот на секој ракометар!