Ристовски по дебаклот: Кога примаш девет „парчиња“….

1886

Најтешкиот пораз во историјата го доживеа Динамо против Баерн во првото коло од Лигата на шампионите. Загубија со 9:2, што е првпат една екипа да постигне девет гола во најсилното натпреварување. Стефан Ристовски беше особено депресивен по дебаклот. Тој е еден од најомилените играчи меѓу навивачите на Динамо не само поради неговите играчки квалитети, туку и поради неговата борбеност и искреност.

„Најпрво би сакал да им се извинам на сите навивачи на Динамо, се надевам дека ќе ни простат и ќе бидат со нас. Не е лесно да се биде пред новинарите и да се коментира по овој пораз. Мора да бидеме свесни дека не го претставуваме само Динамо, туку и хрватскиот фудбал. Убеден сум дека ќе извлечеме поука од сето ова. Динамо е тим со голема историја. Сега е најлесно да се впери прстот во некого, мораме да се издигнеме од оваа ситуација. 

Што и да кажам сега е премногу и премалку. Кога губиш и примаш девет парчиња… Ние сме искусни и долго време играме заедно, ова е недозволиво. Динамо со години го гради својот имиџ и тоа е неприфатливо за сите нас. Имам само едно барање, да останеме заедно и само така можеме да одиме напред“, изјави Стефан Ристовски по поразот. 

ПретходноТоа е легенда – Пандев со Интер летна во Манчестер
СледноОва до сега не се случило: Загрижувачки потег на Ѓоковиќ