Сензационално: Третолигашот Шкендија (А) го елиминира Работнички во 1/16 финалето од Купот!

1521

Каков шок за Работнички, за хитот во ПМФЛ во новата сезона. Сензационално е елиминиран тимот на Горан Станиќ во првото коло од Купот на Македонија и тоа од третолигашот Шкендија Арачиново и тоа со 2:0. Овој натпревар се играше попладнево на стадионот на Фортуна во Скопје. Стрелец на првиот гол за третолигашот беше Трпески уште во 6.минута. Работнички потоа тргна со сите сили во напад, се играше постојано пред голот на домашните, но сепак големиот фаворит не успеа ниту еднаш да го најде патот до мрежата на Шкендија Арачиново. На другата страна Шкендија Арачиново во 85.минута од една контра успеа да зголеми на конечни 2:0 и тоа преку Алии.

Секако дека ова е голема сензација, но ништо ново кога станува збор за Работнички. Имено во последните две децении овој клуб и тоа како знаел во Купот на Македонија во првото коло да биде елиминиран и тоа во неколку наврати од тотални аутсајдери.

ПретходноПотврдени саатниците за СП 2025: Македонија отвора во вечерен термин
СледноПрестон и Фулам го одиграа најдолгиот пенал рулет во Англија (видео)