Берат Имери е еден од кандидатите за нов тренер на Беса!

320

Откако попладнево и официјално Александар Таневски не е веќе шеф на струката во Беса, сега прашање е кој ќе дојде на негово место. Веќе во недела Беса игра дома со Пелистер.

Па така според нашите информации, на овој меч најверојатно тимот ќе биде предводен од досегашните помошници на Таневски, а потоа се очекува да се назначи и шеф на струката. Една од опциите е Берат Имери, тренерот кој ја водеше Воска пред повеќе од една година и тренерот кој го однесе тимот од Охрид во нашата елитна лига.

Се шпекулира и со други имиња, но сепак останува да се види за кој тренер ќе се одлучи раководството на прволигашот од Добри Дол.

Инаку Беса е четврти клуб во ПМФЛ кој во новата сезона прави тренерска смена. Вардар, Шкупи и Брера, сега и Беса, направија тренерски смени.

ПретходноМинистерството за спорт ќе ја исплати премијата на младите кошаркари за освоеното прво место на ЕП – дивизија Б!
СледноПеп: Халанд беше чуван од шест играчи на Интер! Па, како да постигне гол?