Александар Таневски не е веќе шеф на струката на Беса од Добри Дол. Оваа вест проструи денеска во јавноста, а попладне новиот прволигаш и официјално, на своите социјални мреже потврди дека клубот ја прекинува соработката со тренерот кој Беса ја внесе во ПМФЛ, а вчера успеа да победи во Охрид во првото коло во Купот на Македонија.
Беса можеби не стартуваше според очекувањето на раководството на клубот во елитата, но немаше и така лоши резултати.
Уште една тренерска смена во Првата лига.