Ракометарите на Веспрем му го нанесоа еден од најтешките порази во клупската историја на француски ПСЖ вечерва во натпреварите од 2. коло во Лигата на шампионите. На гостувањето во Унгарија, ПСЖ загуби со 41:28 што дефинитиво е најтешкиот пораз на парижани во европските купови во последните 20-тина години.
Избраниците на Раул Гонзалес одиграа солидно прво полувреме во кое успеваа да се одржат во битката со Веспрем, па на пауза заминаа со негатива од три гола (18:15). Но, работите драстично се влошија во вториот дел, кога гостите едноставно не играа ништо. Веспрем за седум минути во вториот дел веќе имаше +5 (25:20), а само три минути подоцна предноста беше двојно зголемена (31:21). Потоа се веќе беше готово, а предноста на Унгарците во еден момент стигна и до 15 гола (40:25). Со три гола во серија во последните минути, ПСЖ успеа да намали на минус 13, што сепак е една од најголемите катастрофи на овој клуб во европски рамки.
Во вториот меч попладнево Спортинг на гости ја прегази Фредериција со 37:19.