Златан Ибрахимовиќ имаше што да му каже на Ѕвоне Бобан по сите оние критки на Хрватот за актуелните состојби во Милан. Јасно е дека не се чекаше многу Златан да му врати, но затоа сега во дебатата се вклучи и Дон Фабио Капелот, некогашен стратег на Милан и вистинска светска тренерска легенда.
Тој не ги криеше критиките кон Златан, посебно по онаа славна изјава на Швеѓанецот дека тој е шеф во Милан:
„Го слушнав „шефот“ како вели дека тој е главен, зарем не? Ако е така тогаш негова е и одговорноста за резултатите на Милан. Во средниот ред нема ниту еден од шампионскитот тим. Каде е плејмејкерот на терен? А и Мората не е адекватна замена за Жиру. Ако веќе сакаш да освојуваш трофеи тогаш тимот треба да го засилиш а не се да промениш“ констатира Капело.