ЛШ: Барса поразена во кнежевството, Елмас доби десетина минути во поразот од Атлетико (ВИДЕО)

340

Екипата на Монако обезбеди голема победа на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите. Тимот од кнежевството со 2:1 славеше над Барселона која како голем фаворит влезе во мечот, особено по доминацијата во првите пет рунди од Ла Лига. Сепак, црвениот картон на Гарсија во 11. минута направи големи проблеми за Каталонците, кои неколу минути подоцна го примија и првиот гол. Во 16′ за 1:0 прецизен беше Акључе. Барселона израмни на 1:1 во 28′ со голот на Јамал, но во вториот дел упорните Французи со голот на Иленихена славеа со 2:1.

Фудбалерите на Аталанта и Арсенал одиграа интересен меч во Бергамо, но за жал и на двете навивачки групи не успеаја да постигнат гол. Средбата заврши со почетните 0:0, а се чини дека гостите можат да бидат и позадоволни од овој резултат, ако се знае дека Аталанта имаше пенал, кој Ретеги не успеа да го претвори во гол. Имено, во 51. минута судијата Турпан покажа на белата точка, Ретеги биеше, голманот на гостите Раја успеа да одбрани, Ретеги биеше и вторпат на одбиена топка, но Раја уште еднаш усшено интервенираше и успеа да го спаси англискиот состав од пораз.

Атлетико (М) со гол во 90. минута успеа да дојде до победа над Лајпциг. Елиф Елмас почна од клупата за гостите, но доби шанса во завршницата при резултат 1:1. Инаку гостите први погодија преку Шешко уште во 4′ за 0:1, по што Гризман во 28′ успеа да израмни на 1:1. Победата ја донесе Хименез со голот во 90′ за 2:1.

Во последниот дуел вечерва екипата на Брест со 2:1 славеше над Штурм.

ПретходноБарса од сигурна победа до минимален триумф, Магдебург со прва победа
Следно„Доктор“ за пенали: Одбрани четири од последните осум пенали!