Македонската кошаркарска федерација е партнер во проектот – Стоп за родово бизарно насилство

33

Според истражувањата реализирани од страна на официјално тело на Европската Унија, дојдено е до заклучок дека една третина од жените во Европа доживеале физичко или сексуално злоставување откако наполниле 15. години, и тоа на голем број на спортистки на глобално ниво.

Физичкото и менталното здравје на жртвите може да претрпи, да доживее непоправливи последици од секое насилно злоставување, насочено против желбите или луѓето воопшто.
Досега, феноменот на физичко и психичко малтетирање врз спортистки е сеуште недоволно пријавен, или подобро кажано откриен.
Овој проект е креиран за поголема свесност, дека жените и мажите се еднакви и комплементарни, и нема дискриминација во општеството, а особено во областа на спортот.
„Да го запреме родовото базирано насилство“, има за цел, да го достигне јазот помеѓу проблемите и начините на справување со него. Да ги охрабри жртвите да ги споделат своите размислувања со своите тренери, да ги едуцираат спортистите да не им наштетуваат на другите луѓе, и исто така да создаде систем со кој ќе може да се елиминираат насилните прашања.
Овој проект е во соработка помеѓу четири кошаркарски федерации, македонската, грчката, кипарската и бугарската, како и социјалните истражувачи од АКМИ, и центарот за социјални иновации на Кипар.

Освен тоа, заедно со останатите партнер-организации, креиравме платформа со два модули, каде што ќе можат да се пријават сите тренери и асистенти во стручните тимови, каде ќе добијат подобро разбирање за тоа што е родово базирано насилство во спортот, неговата индентификација, превенција и знаци.

ПретходноЛШ: „Биковите“ на гости во Мадрид, ќе игра ли Елмас? Спектакл во Белград!
СледноЛегендата на Реал: „Играчите никој не ги прашува, затоа штрајкот е опција“!