Младинска ЛШ:Гаштаров одигра едно полувреме на дуелот со Бенфика

338

Македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров, беше во стартниот состав на тимот на Црвена Звезда во рамките од дуелот од младинската лига на Шампиони против тимот на Бенфика кои Белграѓани го загубија со конечни 1:2. Домаќинот се бореше но на терен противникот реално беше подобар. Пред се поради генерациската разлика во која Бенфика имаше неколку играчи со статус на У19, додека пак Црвена Звезда сепак се одлучи за две па дури и три генерации помлади играчи.

Пример, нашиот Гаштаров е роден 2006 година. Сепак, ова се драгоцени дуели во кои се добива непроценливо искуство, а тоа на играчот за врска и тоа како му е потребно.

ПретходноБеса ја прекина соработката со Таневски!
СледноШокантно: Сити би можел да биде исфрлен од сите натпреварувања!