Нетс го повлекуваат дресот со бр. 15 кој го носеше Винс Картер

29

Некогаш една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Винс Картер беше една од најголемите ѕвезди на НБА лигата и на екипата на Њу Џерси Нетс, кога неговите спектакуларни забивања често ги полудуваа сите љубители на кошарката.

Како што соопштија од новиот соспственик на франшизата, Бруклин Нетс, тие ќе го повлечат дресот со број 15 на Винс Картер на 25 јануари во „Баркли центарот“ на натпреварот против Мајами Хит.

Винс беше драфтуван од Торонто Репторс, а шест години подоцна во 2004 година пристигна во Њу Џерси Нетс и го носеше дресот со број 15 до 2009 година. Заедно со Џејсон Кид е еден од најдобрите играчи во модерната историја на Нетс. Тоа е седмиот дрес во историјата на франшизата што виси во салата, откако претходно беа повлечени и оние со бр. 3 во чест на Дражен Петровиќ, бр. 5 за Џејсон Кид, 23 за Џон Вилијамсон, 25 за Бил Мелкиони, бр. 32. за Џулиус „Д-р Џеј“ Ирвинг и бр. 52 за Чарлс „Баба“ Вилијамс.

ПретходноПо 33 години, Мото ГП идната година се враќа во Унгарија
СледноВеспрем го „демолираше“ ПСЖ и му нанесе пораз каков што Французите не паметат