Пеп: Халанд беше чуван од шест играчи на Интер! Па, како да постигне гол?

349

Ерлинг Халанд синоќа на дуелот со Интер во Лигата на Шампионите не беше на нивото. Резултатот на крајот беше 0:0, а Норвежанецот денеска повтоено добива критики. Се вели дека против силни екипи тешко дека тој едноставно не е тој.

Секако дека ова прашање му беше поставено и на стратегот на “граѓаните“ Пеп Гвардиола, а тој се налути па почна да анализира во детали, се разбира дека го бранеше својот напаѓач.

Инаку Халанд во Премиер-лигата просто растура.

Дали сте сигурни дека Халанд беше чуван од само еден играч на Интер? Јас видов шестмина, три напред и тројва назад. Ачерби, Бисек и Бастони во круг од пет метри назад, а пред него тука беа Барела, Чалханоглу и Зјелински. Па, како да даде гол?“ констатираше Пеп покажувајќи и со рацете дека шестмина го чувале Халанд.

Инаку ова беше втор меч на Халанд против Интер на кој не се прослави, не пипна ни топка што се вели. Да се потсетиме само на финалето во ЛШ во Истанбул минатата година.

ПретходноБерат Имери е еден од кандидатите за нов тренер на Беса!
СледноДаниел Стојановски е новиот тренер на Борец!