По 33 години, Мото ГП идната година се враќа во Унгарија

28

Светскиот шампионат во мотоциклизам, Мото ГП ќе се врати во Унгарија за првпат од 1992 година, откако ќе склучи договор со патеката Балатон Парк, која ќе биде домаќин на трка од календарот следната сезона, соопшти Дорна спортс, комапнијта сопственик на Мото ГП.

„Многу сме задоволни дека Балатон Парк ќе биде во календарот на трки во Мото ГП и во Светската серија на Супербајк за 2025 година. Патеката е на прекрасна локација и ќе биде фантастично место за љубителите на спортот. Се работи на подготовка на патеката за нејзиното историско деби во календарот, што ќе додаде уште едно поглавје во историјата на Унгарија во друмските трки, а ние со нетрпение очекуваме да се вратиме на клучниот пазар во Централна Европа“, изјави Кармело Езпелета, извршен директор на Дорна спортс.

ПретходноКапело до Златан: Ако си “шеф“ како што велиш, тогаш твоја е одговорноста за ваквите резултати!
СледноНетс го повлекуваат дресот со бр. 15 кој го носеше Винс Картер