Динамо Загреб го раскина договорот со поранешниот тренер Сергеј Јакировиќ. Првиот тим на краток рок ќе го води до одлука за ново долгорочно тренерско решение поранешниот член на стручниот штаб Сандро Перковиќ.
Од клубот за кого настапуваат македонските фудбалери Стефан Ристовски и Аријан Адеми побараа да не се шпекулира со имиња околу тренерското место.
“Од се срце му благодариме на Сергеј Јакировиќ за се што даде за нашиот клуб и му посакуваме многу среќа и успех во остатокот од кариерата. Апелираме до медиумите и јавноста да имаат разбирање кон Сергеј Јакировиќ и неговото семејство и да не ја влошуваат и онака стресната ситуација”.