Ни горе, ни долу. Тоа е ранкингот на нашата најдобра фудбалска репрезентација на најновата ФИФА листа која е објавена денеска. Имено по ремито со Ф. Острови и победата над Ерменија во Лигата на Нации, Македонија не собра доволно поени за да се искачи некои место, па така остана на 72-то место на ФИФА листата, каде што и беше минатиот пат.
Инаку на првото место и натаму е Аргентина, а следуваат Франција, Шпанија, Англија, Бразил.
Следното рагнирање ќе биде на 24 октомври, веднаш по репрезентативниот циклус во тој месец.