Халанд во шок: Го влечеше цел меч – па му побара дрес (ВИДЕО)

757

Ерлинг Халанд и Франческо Ачерби разменија неколку зборови на теренот по завршување на дуелот меѓу Сити и Интер во рамките на Лигата на шампиони.

Ачерби му го побара дресот од Халанд, Норвежанецот шокирано го погледна велејќи дека му го барал дресот цели 90 минути, бидејќи цело време го влечел на натпреварот.

Сепак, се покажа дека стоперот на Интер е сериозен, а Ерлинг преку насмевка му испрати порака.

„Ајде, за**и“, рече Халанд.

Да потсетиме, Сити и Интер натпреварот го завршија без голови. Халанд имаше неколку шанси, но не успеа да ја затресе противничката мрежа, за што главен „виновник“ е Ачерби.

ПретходноНе е само Артета, и Пеп има проблеми пред дербито
СледноЃоковиќ се соочува со голем пад – не е проблем само АТП листата