Играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу беше прилично задоволен од освоениот бод на гостувањето кај Манчестер Сити (0:0) во Лигата на шампионите. Тој изјави дека неговиот тим не се плаши од овој противник и се обиде да се забавува на теренот.
„Одигравме добар натпревар против силен тим. Се обидовме со се, имавме свои шанси за гол, ги имаше многу. Мислам дека двете екипи играа добар фудбал и сите го видоа тоа. Се обидовме да се забавуваме и да уживаме. Не може секогаш да се игра на овој стадион против овој тим“, смета Чалханолу.
„Во овие натпревари треба да ја задржите својата сила и да останете фокусирани цели 90 минути. Имавме свои шанси, ги создадовме и мораме да бидеме задоволни од играта што ја прикажавме. Можевме да постигнеме гол, но не успеавме. Ниту тие не успеаја, иако имаа свои шанси. Двете екипи сакаа да победат и добро се претставија“, додаде Турчинот.
Според него тој и неговите играчи одиграле храбар меч против еден против како што е Сити.
„Не се плашиме да играме овде, дојдовме да играме отворено, да создаваме шанси и мислам дека успеавме. Покажавме храброст и не се распаднавме пред името на противникот. Знаеме дека Манчестер Сити долго време нема пораз тука и добро е што барем не ги освоија трите бода денеска. Се трудиме да одиме чекор по чекор. Колку подалеку одиме, толку подобро“, заклучи играчот од средниот ред