Веспрем го „демолираше“ ПСЖ и му нанесе пораз каков што Французите не паметат

430

Ракометарите на Веспрем му го нанесоа еден од најтешките порази во клупската историја на француски ПСЖ вечерва во натпреварите од 2. коло во Лигата на шампионите. На гостувањето во Унгарија, ПСЖ загуби со 41:28 што дефинитиво е најтешкиот пораз на парижани во европските купови во последните 20-тина години.

Избраниците на Раул Гонзалес одиграа солидно прво полувреме во кое успеваа да се одржат во битката со Веспрем, па на пауза заминаа со негатива од три гола (18:15). Но, работите драстично се влошија во вториот дел, кога гостите едноставно не играа ништо. Веспрем за седум минути во вториот дел веќе имаше +5 (25:20), а само три минути подоцна предноста беше двојно зголемена (31:21). Потоа се веќе беше готово, а предноста на Унгарците во еден момент стигна и до 15 гола (40:25). Со три гола во серија во последните минути, ПСЖ успеа да намали на минус 13, што сепак е една од најголемите катастрофи на овој клуб во европски рамки.

 

Во вториот меч попладнево Спортинг на гости ја прегази Фредериција со 37:19.

ПретходноНетс го повлекуваат дресот со бр. 15 кој го носеше Винс Картер
СледноЛШ: Бенфика и Баер (Л) триумфално на гостувањата во Белград и Ротердам (ВИДЕО)