КФСМ најави соодветни казни за актерите во тепачката на мечот ТФТ – Чаир

248

Македонската кошаркарска федерација ќе ги преземе сите мерки, и ќе изрече соодветни казни за актерите во инцидентот кој се случи вечерва на пријателскиот натпревар помеѓу екипите на ТФТ и Чаир 2030, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, кој беше прекинат од страна на официјалните лица, објавија вечерва од Кошаркарската федерација.

„За таа цел, согласно со првичните информации, комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ, од актерите, односно од претставниците на двата клуба, побара во текот на утрешниот ден  да му достават изјави за инцидентот, односно причините за прекинатиот натпревар. Освен тоа свое видување во писмена форма ќе дадат и официјалните лица (судиите и делегатот на натпреварот), по што ќе бидат донесени соодветни одлуки. По втор пат за кратко време, во подготвителниот период, пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, екипата на Чаир 2030 е учесник на натпревар во кој се случуваат работи кои немаат ништо заедничко со кошаркарската игра“, се вели во соопштението.

ПретходноБеса преговара со Акраповиќ
Следно„Газета“ тврди: Фонсека не може да го поднесе „шефот“ Ибра