Легендата на Реал: „Играчите никој не ги прашува, затоа штрајкот е опција“!

154

Се повеќе и повеќе фудбалерите ширум Европа го дигаат гласот со оглед на тоа дека според нив во текот на една сезона имаат премногу натпревари. Вчера Родри, ѕвездата на Манчестер Сити и репрезентацијата на Шпанија, најави дека се размислува на генерален штрајк, а денеска тоа го кажа и неговиот репрезентативен колега и легенда на Реал Мадрид, Дани Карвахал:

Нас играчите никој не не прашува. Се однесуваат кон нас како да не постоиме. Токму затоа покренување на штрајк поради премногу натпревари во текот на една сезона е опција. Тоа е можност која ние ја разгледуваме“ рече покрај другото Карвахал.

А еве и зошто. Со новиот формат на ЛШ најдбрите клубови во светот ќе треба да одиграат и по 70 мечеви во една сезона, а каде се тука настапите во репрезентациите.

Сепак има и друга работа. Пред една деценија годишните плати на најдобрите фудбалери во светот се движеа од 5 до 10 милиони евра, а сега тие заработуваат и до 30 милиони, некој и до 50 милиони евра со бонуси како Мбапе на пример.

ПретходноМакедонската кошаркарска федерација е партнер во проектот – Стоп за родово бизарно насилство
СледноХанси Флик во Академијата гледа начин како да ги реши проблемите