ЛШ: „Биковите“ на гости во Мадрид, ќе игра ли Елмас? Спектакл во Белград!

132

Вечерва на програмата се последните шест меча од 1.коло во новиот формат во Лигата на Шампионите, со што се затвора кругот од старното коло. Секако дека за нас е најважно она што ќе се случува на “Ванда Метрополитано“ во Мадрид, каде играат Атлетико Мадрид и РБ Лајпциг. Имено прашање е дали нашиот Елиф Елмас ќе добие минутажа на овој екстра интересен меч во дресот на “биковите“. Во изминатиот дел во Бундес-лигата Елмас седеше на клупата, ќе видиме вечерва во Мадрид дали ќе биде дел од тимот на Лајпциг.

Се очекува спектакл во Белград каде на “Маракана“ домашната Ц.Звезда ќе ги одмери силите со Бенфика. Јасно е дека Португалците ги чека пекол во главниот град на Србија, се знае каква атмосфера ќе направат “Делиите“.

Леверкузен му гостува на Феенорд, Барса се среќава со Монако на гости, Арсенал гостува во Бергамо а се игра и мечот меѓу Брест и Штурм.

Image

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

18:45 Ц. Звезда – Бенфика

18:45 Феенорд – Баер Леверкузен

21:00 Аталанта – Арсенал

21:00 Атлетико Мадрид – РБ Лајпциг

21:00 Брест – Штурм

21.00 Монако – Барселона

ПретходноТренерот на Џирона: Треба да бидеме горди!
СледноМакедонската кошаркарска федерација е партнер во проектот – Стоп за родово бизарно насилство