Милан размислува за тренерска смена, познато име на радарот на „росонерите“

244

Пауло Фонсека летово стана тренер на Милан. Португалскиот стручњак во вторникот загуби од Ливерпул (1:3) на отворањето на новата сезона од Лигата на шампионите, а лошо стартуваше и во италијанското првенство. Во првите пет кола ја победија Венеција (4:0), ремизираа со Лацио (2:2) и Торино (2:2) и загубија од Парма (2:1). Работата на Фонсека затоа е доведена во прашање по пет меча поминати на клупата.

Скај тврди дека советникот на Милан, неговиот поранешен напаѓач Златан Ибрахимовиќ, контактирал со Един Терзиќ (41), германски тренер со хрватски корени и поранешен стратег на Борусија Дортмунд, како потенцијална замена за Фонсека. Билд ја нарекува приказната „спектакуларна тренерска гласина“.

Терзиќ е невработен од летово. Во последните денови тој беше поврзуван со Рома, која на крајот ја презеде хрватскиот селектор Иван Јуриќ. Новопотпишаниот договор на Фонсека со Милан е со важност до 2027 година, а во недела го очекува градското дерби со Интер.

На клупата на Борусија во 128 натпревари оствари 75 победи, 24 нерешени и 29 порази. Го освои Купот на Германија во 2021 година, а посебно ќе остане запаметен по губењето на шампионатот минатата година. Имено, Борусија во последното предминато коло од сезоната мораше да го победи Мајнц на домашен терен за да стане шампион на Германија. Тоа не се случи, а Баерн ја понесе титулата.

Терзиќ ја започна својата кариера како скаут и помошник тренер во младинскиот сектор на Борусија, работејќи со Јирген Клоп. Беше помошник на хрватскиот тренер Славен Билиќ во Бешикташ, Вест Хем и Локомотив Москва.

ПретходноРистовски и Адеми добиваат нов тренер
СледноСудии за ПМФЛ: Ставрев ќе суди во Кавадарци, Пилешков на “центарот“ на дербито во Струга