Судии за ПМФЛ: Ставрев ќе суди во Кавадарци, Пилешков на “центарот“ на дербито во Струга

668

Познати се судиите за 6.коло во нашата елитна лига кое е на програмата во недела од 15 часот. Супер интересно се очекува да биде во Кавадарци каде Тиквеш го дочекува Вардар, овој меч ќе го суди Александар Ставрев од Скопје. Супер дербито се игра во Струга каде шампионот го пречекува составот на Шкупи, главен судија на овој меч ќе биде Димитар Пилешков од Штип.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии за ова коло:

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 6.КОЛО ВО ПМФЛ – НЕДЕЛА (15 Ч)

Тиквеш – Вардар (Александар Ставрев – Скопје)

Силекс – Гостивар (Александар Грујоски – Кичево)

Шкендија – Воска (Марјан Младеновски – Скопје)

Струга ТЛ – Шкупи (Димитар Пилешков – Штип)

Беса – Пелистер (Јован Качевски – Струга)

Работнички – Брера (Игор Стојчевски – Скопје)

ПретходноМилан размислува за тренерска смена, познато име на радарот на „росонерите“
СледноФИФА ранкинг: Македонија остана на 72-то место во светот!