ФИФА ранкинг: Македонија остана на 72-то место во светот!

53

Ни горе, ни долу. Тоа е ранкингот на нашата најдобра фудбалска репрезентација на најновата ФИФА листа која е објавена денеска. Имено по ремито со Ф. Острови и победата над Ерменија во Лигата на Нации, Македонија не собра доволно поени за да се искачи некои место, па така остана на 72-то место на ФИФА листата, каде што и беше минатиот пат.

Инаку на првото место и натаму е Аргентина, а следуваат Франција, Шпанија, Англија, Бразил.

Следното рагнирање ќе биде на 24 октомври, веднаш по репрезентативниот циклус во тој месец.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Ставрев ќе суди во Кавадарци, Пилешков на “центарот“ на дербито во Струга
СледноТренерот на Џирона: Треба да бидеме горди!