Ѓоковиќ се соочува со голем пад – не е проблем само АТП листата

236
Фото: УС Опен/Твитер

Новак Ѓоковиќ се соочува со пад на АТП листата до крајот на годината доколку не освои бодови на преостанатите турнири. Доколку доживее нови неуспеси, би можел да го дочека крајот на годината на некое од местата под Топ 10.

Ова со себе носи нови „проблеми“ – на Австралија опен би можел да вкрсти со Јаник Синер или Карлос Алкараз веќе во осминафиналето.

Новак во последните недели од минатата година заработи 2.300 поени на Мастерсот во Париз и на АТП финалето во Торино, кои би можел да ги пропушти доколку турнирот во Шангај или овогодинешниот Париз не поминат добро.

Но, треба да се нагласи дека на прес-конференцијата по победата на Србија над Грција во Белград и опстанокот во Светската група, Србинот јасно им стави до знаење на сите дека тоа не му е приоритет.

Потоа ги откри плановите – ќе игра на егзибициски турнири во Саудиска Арабија и Аргентина, но веќе не прави детален распоред.

„Обично имав подготвен распоред шест месеци однапред, но сега не е така, сега е поспонтано. Прво, треба да се одморам физички, емоционално и психички за да можам дури и да размислувам што сакам да правам, во што начин, колку и каде“, заклучи Ѓоковиќ.

ПретходноХаланд во шок: Го влечеше цел меч – па му побара дрес (ВИДЕО)
СледноПромена на плановите на Ретклиф: „Олд Трафорд“ ќе биде урнат само по еден услов!