Во недела (20:45 ч.) во Серија А е дербито меѓу Интер и Милан. Овој меч може да биде историски за Интер, затоа што засега има шест победи по ред над градскиот ривал. А во 115 годишната историја и 180 дербија, никој не врзал серија од седум победи. Токму во недела таа шанса ја има Интер.
Во последните години Интер е надмоќен во однос на Милан, го победуваше во Суперкупот, во Серија А, во Купот и во Лигата на шампионите. На претходните мечеви гол разликата е 14:2 во корист на „нероаѕурите“.
Последен пат Милан славеше над Интер во септември 2022 година со 3:2 во рамките на Серија А. Потоа следуваше прекрасната серија на „нероаѕурите“: прво 3:0 во Суперкупот, две победи во ЛШ со 1:0 и 2:0, па три во Серија А 1:0, 5:1 и 2:1.
Инаку низ историјата Милан два пати имал низа од шест победи по ред над Интер меѓу 1911 и 1913 и од 1946 до 1948. Сега Интер може да ги поништи тие рекорди на „росонерите“…