Неверојатно – Ница победи со 8:0, а шест гола даде во првото полувреме

254
Фото: x.com/ogcnice_eng

На отворањето на 5.коло во француската Лига 1 сензационален резултат. По првото полувреме Ница на домашен терен води против Сент Етјен со 6:0. Со тоа Ница е првиот тим во 21 век кој дал шест гола во едно полувреме во Лига 1.

На крајот резултатот гласеше 8:0 што е една од највисоките победи на Ница во својата историја. Всушност Ница ја изедначи својата највисока победа. Два пати победувал со 8:0 (над Седан и над Рен), а тоа се во далечните 1957 година и 1949 година.

Сент Етјен е десеткратен француски шампион, а во новата сезона тргна со три порази, па го победи Лил со 1:0, сега го впиша четвртиот пораз.

ПретходноЗдравковски го доби „македонскиот“ дуел во Шкотска
СледноСерија А: Торино четврти пат по ред слави во Верона