На првиот меч од 4 коло на Бундес лигата, екипата на Мајнц го совлада Аугзбург на негов терен со 3:2.
Мајнц поведе со два гола во период од две минути. Во 13 минута погоди Сиеб, а во 15-тата Буркарт. Сепак, баварскиот тим намали преку Шлотенберг во 25 минута . Во меѓувреме Мајнц остана со играч помалку затоа што Амири беше исклучен поради втор жолт картон.
На почетокот на второто полувреме Буркарт ја зголеми предноста на Мајнц на 3:1, а во 57 минута Аугзбург стигна до вториот гол на овој меч преку Есенде. А овој играч во 70 минута „поцрвене“ поради остар старт.
Така Мајнц ја впиша првата победа сезонава по двете ремија против Унион и Штутгарт и поразот од Вердер.
Аугзбург го впиша вториот пораз.