Ембид ја продолжил соработката со Филаделфија на уште три години

20

Кошаркарот на Филаделфија Севентисиксерс, Џоел Ембид го продолжи договорот со клубот на уште три години за сума од 193 милиони долари, пренесува „The Athletic“. Тоа значи дека Ембид сега има петгодишен договор (претходните два плус новите три години) и ќе заработи 301 милион долари.
Ембид изминатите 10 сезони ги помина во Филаделфија, а беше именуван за МВП во регуларниот дел во 2022/23. Тој стана олимписки шампион со САД во кошарка на Олимписките игри во Париз.

ПретходноИбрахимовиќ: Сега да играм, ќе дадам 30 голови во сезона и тоа со 20 минути на меч
СледноАртета за дербито со Сити: За тој меч се спремаме уште пред почетокот на сезоната