Неверојатен меч со осум гола одиграа Шалке и Дармштат во 6.коло од втората Бундес лига. Шалке водеше со 3:0 со голови во 14, 34 и 39 минута. Висок резултат кој изгледа ги опушти домашните затоа што потоа се распаднаа. Гостите во 45 минута намалија од пенал, а во второто полувреме постигнаа уште четири гола и победија со 3:5.
Три од четирите гола во второто полувреме постигна Исак Лидберг.
Шалке со скор од една победа, едно реми и четири порази е на 14. место на табелата, а Дармштат е место погоре со бод повеќе.
На другиот меч Падерборн го победи Хановер со 2:1. Кај домашните на клупата остана македонскиот дефанзивец Висар Муслиу.