Манчестер Ј. почна преговори со Мејно за нов подобрен договор

86

Младиот супер-талент на Манчестер Јунајтед, Коби Мејно наскоро може да добие нов и подобрен договор, објави новинарот Фабрицио Романо.

За помалку од една година, 19-годишниот Мејно стана една од најпрепознатливите фигури во тимот на „црвените ѓаволи“. Како редовен стартер за Манчестер Јунајтед и како дел од репрезентацијата на Англија за време на ЕП, Мејно сега стана едно од носечките имиња во тимот.

Младиот играч за врска има договор со Јунајтед до летото 2027 година, но тоа наскоро ќе се промени, затоа што веќе одигра 40 натпревари за првиот тим и вече постигна пет гола.

ПретходноАвстралија ќе бара нов селектор, Арнолд поднесе оставка
СледноУ15: Македонија втора на турнирот во Молдавија